Би-Би-Си: Расте загриженоста поради лажни вести

Лондон, 22 септември 2017 (МИА) - Меѓу корисниците на интернет се повеќе расте загриженоста поради ширењето на лажни вести, покажуваат резултатите од истражувањето на Би-Би-Си.
Истражувањето е спроведено во 18 држави, а 79 проценти од испитаниците изјавиле дека се загрижени поради тоа што е лажно, а што е вистинито на интернет, но само во Кина и во Велика Британија учесниците во анкетата се изјаснија дека сакаат нивните влади законски го регулираат користењето на интернет.
Но, 84 отсто од испитаниците во Грција и 82 проценти во Нигерија изјавиле дека не сакаат регулација на интернетот.
Бразилците (92 отсто) се најмногу загрижени поради „нејасната линија“ помеѓу вистинските и лажните вести, а потоа следат граѓаните на Инднезија (88 проценти), на Нигерија и на Кенија (85 отсто).
Истражувањето на Би-Би-Си покажува дека поголемиот број испитаниците во Германија изјавиле дека не се загрижени поради лажните вести.
Над половина од испитаниците (53 проценти) изјавиле дека пристапот до интернет треба да биде фундаментално човеково право.
Анкетата покажува и различни ставови меѓу половите кон интернетот - мажите го користат многу повеќе односно 78 проценти од нив изјавиле дека во последните шест месеци секојдневно користеле интернет, а жените - 71 отсто. Исто така, припадничките на понежниот пол помалку го искажуваат своите ставови на интернет.
Истражувањето е спроведено од компанијата „Глобскен“ во периодот од јануари до април, при што се испитани 16.000 полнолетни граѓани од 18 држави ширум светот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...