Песков: Кремљ никогаш не порачал политичко рекламирање на Фејсбук и не знае кој стои зад таквите наредби

Москва, 22 септември 2017 (МИА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија никогаш немала никакви врски со објавување на политички реклами на Фејсбук, ниту пак има информации кој стои зад слични нарачки.
- Ние не знаеме што е тоа „Рашагејт“, а уште помалку кој и како пушта реклами на Фејсбук. Никогаш не сме се занимавале со тоа. Русија никогаш не учествувала во нешто слично, нагласи Песков, коментирајќи ја објавата дека Фејсбук до американскиот Конгрес ќе достави податоци за политички реклами, што биле нарачани од Русија.
Пред две седмици Фејсбук објави дека 470 лажни профили, веројатно активирани во Русија, пуштале реклами со вкупна вредност од 100.000 долари во периодот меѓу јуни 2015 и мај 2017 година, со цел потхранување на политичката и општествената поларизација во САД пред и по минатогодишните американски претседателски избори.
Социјалната мрежа вчера најави дека ќе достави податоците за тие реклами до Конгресот, кој ја истражува евентуалната вмешаност на Русија во ланските американски претседателски избори.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...