„Вашингтон Пост“: Трамп ќе ја повлече поддршката за иранскиот нуклеарен договор

Американскиот претседател Доналд Трамп следната недела ќе ја повлече поддршката за договорот за иранската нуклеарна програма, затоа што смета дека тој не е во согласност со националните интереси на САД, објави „Вашингтон Пост“, повикувајќи се на извори во Белата куќа.


Весникот оценува дека ваквата одлука на Трамп би можела да биде чекор што ќе доведе до пропаѓање на овој договор, кој во 2015 година го постигнаа Иран и шесте светски сили.
Според „Вашингтон Пост“, Трамп веројатно на 12 октомври ќе одржи говор во кој ќе ја презентира својата стратегија за Иран.

Порталот „Вашингтон Фри Бикон“ вчера, исто така повикувајќи се на извори во Белата куќа, објави дека Трамп следната недела планира да соопшти дека Иран не го почитува иранскиот нуклеарен договор.

Според порталот, американскиот државен секретар Рекс Тилерсон и секретарот за одбрана Џејмс Матис бараат договорот да остане во сила, но Трамп наводно бил гневен поради иранските ракетни проби и планира да се откаже од договорот.

Трамп на 15 октомври треба да го информира Конгресот за тоа дали Иран ги почитува преземените обврски од нуклеарниот договор, по што конгресмените имаат рок од 60 дена да решат околу можно воведување санкции кон Техеран.

Повеќе републикански сенатори, меѓу кои и Тед Круз и Том Котон, го повикаа Трамп да објави дека Иран не го почитува договорот и со тоа да почне процесот за повторно воведување санкции кон земјата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...