Белата куќа: Трамп најавува широка стратегија кон Иран

Вашингтон, 7 октомври 2017 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп ќе го објави новиот одговор на САД за ракетните тестирања, поддршката на „тероризмот“ и кибер операциите на Иран, како дел од неговата стратегија кон Техеран, соопшти Белата куќа.
- Претседателот не гледа само во еден дел на тоа прашање. Тој го има предвид целосното лошо однесување на Иран, истакна портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс.
Според неа, Трамп нема да го набљудува само лошото однесување во врска со нуклеарниот договор, „туку и тестирањето балистички ракети, дестабилизирање на регионот, поддржувањето тероризам, кибер нападите, нуклеарната програма“.
Таа нагласи дека Трамп сака да пронајде широка стратегија која се однесува на сите проблеми, а не само на еднократните.
- Тоа е она на што е фокусиран неговиот тим и она што ќе го спроведе во следните денови, нагласи Сандерс.
Весникот „Вашингтон пост“, повикувајќи се на извори блиски до Белата куќа, пишува дека американскиот претседател планира следната недела да ја повлече поддршката од нуклеарниот договор со Иран, бидејќи смета дека тој не е во национален интерес на САД. Весникот пренесува дека таквата одлука на Трамп би била прв чекор во процесот кој може да доведе до уништување на договорот меѓу шесте сили со Иран од 2015 година, со кој се ограничени нуклеарните активности на Техеран.
Трамп на 15 октомври треба да го информира Конгресот околу тоа дали Иран ги почитува обврските од договорот, а конгресмените потоа имаат 60 дена да ги разгледаат можностите за повторно воведување санкции против Техеран.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...