Најавено ново сослушување на „Касперски“ во Конгресот на САД

Комисијата за наука, Вселена и технологија на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес соопшти дека закажала ново сослушување во врска со можните злоупотреби на софтверот на компанијата за Интернет заштита „Касперски“.

Претставници на оваа руска компанија еднаш веќе беа сослушувани во Конгресот на САД во врска со обвинувањата дека нејзиниот софтвер би можел да биде користен од хакери за упади во компјутерските системи во полза на Русија.

„Касперски“ категорично ги отфрла ваквите обвинувања и на претходното сослушување лично се појави и извршниот директор на компанијата Евгениј Касперски, кој одговараше на прашањата на конгресмените.

Најавата за ново сослушување доаѓа само еден ден откако весниците „Волстрит Џурнал“ и „Вашингтон Пост“ објавија дека хакери спонзорирани од Москва, украле строго доверливи податоци за кибер безбедноста на САД од лаптоп на американската Агенција за национална безбедност, кој користел антивирус софтвер на „Касперски“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...