Апсењето на вработен во Конзулатот е штетно за односите меѓу двете земји

Апсењето соработник на Конзулатот на САД во Истанбул е „обид на некои турски официјални лица да ја поткопаат соработката меѓу Турција и САД“, изјави вчера американскиот амбасадор во Анкара, Џон Бас.

Тој истакна дека не знае дали случајот е изолиран или американската страна треба да очекува нови апсења на турски граѓани, кои работат во американските дипломатски претставништва.

Решавањето на тоа прашање ќе зависи од разговорите кои ќе се одржат меѓу владите на двете земји околу причините за апсењето на турскиот службеник.

САД на 8 октомври го прекинаа издавањето на неимиграциски визи во сите свои дипломатски претставништва како одговор на минатонеделното апсење на соработникот на американскиот Конзулат во Истанбул, Метин Топуз, кој е обвинет за „прекршување на Уставот“ и „обид за соборување на турската Влада“. Анкара смета дека Топуз бил член на групата ФЕТО на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен,, која според турските власти стои зад обидот за пуч во Турција во јули минатата година.
Бас нагласи дека турските власти не и дале никаква информација на Амбасадата на САД дека Топуз бил вмешан во незаконска дејност.

Освен тоа обвинителството во Истанбул издаде налог за апсење на уште еден Турчин, вработен во мисијата на САД, а неговата жена и дете биле задржани на сослушување.
На 8 октомври и турската Амбасада во Вашингтон презеде реципрочни мерки и прекина со издавање визи на територијата на САД.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Си била некоја жена и отишла на гинеколог и му вика да ја напраи девица до вечер зошо мажот не знаел дека не е невина. Ја легнува овој на стол и работи.
Утредента доага оваа и му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема...
Верски календар
На денешен ден
1760.- Роден е Клод Анри Сен Симон, француски...
1797.- Во италијанското село Кампоформио...
1803.- Роден е унгарскиот политичар Ференц Дак,...
1849.- Во Париз умре Фредерик Франсоа Шопен,...