Амано: Во моментов Иран е под најсилниот режим за нуклеарна проверка

Виена, 14 октомври 2017 (МИА) - Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Јукија Амано, ги оспори тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Договорот за нуклеарната програма на Иран предвидува слаб контролен механизам.
- Во моментов Иран е под најсилниот режим за нуклеарна проверка, истакна Амано.
Тој наведе, дека МААЕ досега добила пристап до сите места кои требало да ги посети.
- Иран ги почитува сите задолженија во однос на нуклеарниот договор, потврди Амано.
Претходно, Трамп одби да потврди дека Иран постапува во согласност со нуклеарниот договор од 2015 година и предупреди дека може да го поништи.
Трамп оцени дека Иран не се држи до духот на договорот за нуклеарното вооружување и најави нова стратегија кон таа држава.
– Објавувам дека не можеме и не сакаме да ја дадеме таа потврда, нагласи Трамп.
Тој наведе дека САД ќе го скратат патот на Иран кон развој на нуклеарно оружје.
Трамп во обраќање од Белата куќа најави дека неговата администрација ќе се обиде да се спротивстави на „дестабилизирачките активности“ на таа држава и ќе воведе дополнителни санкции за Иран за да се спречи како што тврди, нивното финансирање терористи.
Тој, исто така, увери и дека инспекторите на МААЕ не ги искористиле целосно своите овластувања, бидејќи биле под притисок од Иран.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...