Петреус: Војна меѓу САД и Северна Кореја не е веројатна

Евентуална војна меѓу САД и Северна Кореја „не е веројатна“ и покрај неодамнешната ескалација на тензиите меѓу Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп и режимот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, изјави поранешниот директор на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), Дејвид Петреус.

- Загрижен сум, но мислам дека војна не е веројатна, нагласи Петреус во интервју за телевизијата Еј-Би-Си Њуз.

Според него, на острата реторика на Трамп кон Северна Кореја треба да се гледа како на „комуникациска стратегија“, чија цел е да се изврши притисок врз Кина за да помогне во запирањето на севернокорејската нуклеарна програма.

- Сето тоа е комуникациска стратегија со која се прави обид да и се достави до знаење на Кина дека актуелната (американска) администрација е во ситуација во која не била ниту една друга претходна администрација, додаде Петреус.

Тој смета дека дипломатските напори на американскиот државен секретар Рекс Тилерсон се насочени кон кинеското влијание врз режимот во Пјонгјанг.

Иако оцени дека војната „не е веројатна“, Петреус смета дека сепак во случај на конфликт, американските трупи се подготвени да се справат со севернокорејските сили.

- Доколку постои некаков вид воен ангажман, ќе бидеме подготвени најдобро што можеме. Сепак, не е потребно да се наспомене дека секое вакво сценарио ќе биде лошо, додаде Петреус.

Поранешниот директор на ЦИА се осврна и на потиснувањето на џихадистите од Исламската држава (ИД) од сирискиот град Рака, оценувајќи дека овие воени порази „ќе ја намалат способноста на терористичката група за регрутирање нови борци“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...