Армијата на Мјанмар врши сексуално насилство врз Рохинџите

Специјалната претставничка на Обединетите нации за спречување на сексуалното насилство Прамила Патен изјави дека армијата на Мјанмар врши систематски силувања врз жените од народот Рохинџи.

- Слушнав страшни приказни за масовни силувања, за многу жени и девојчиња кои починале како последица на силувањата. Сексуалното насилство е организирано и се врши по наредба, како дел од кампањата за принудно иселување на Рохинџите, изјави Патен.

Од почетокот на август, армијата на таа главно будистичка земја во југоисточна Азија ги напаѓа селата на главно муслиманските Рохинџи, како одговор на герилски напад што група Рохинџи го изврши врз армиските позиции.
Околу половина милион Рохинџи се протерани од Мјанмар во Бангладеш од август досега.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...