Најмалку петмина загинати во вооружен инцидент во Калифорнија

Најмалку пет лица загинаа, а 10 други меѓу кои и деца, се ранети вчера кога вооружен маж отвори оган во градот Ранчо Техама во северниот дел на американската сојузна држава Калифорнија.



Според полицијата, напаѓачот пукал по жртвите по случаен избор, по што бил убиен од страна на еден од замениците на локалниот полициски шериф.
Кај застреланиот напаѓач биле пронајдени полуавтоматска пушка и два пиштоли.

Инцидентот се случи во близина на основно училиште во 8:00 часот по локално време (17 часот по средноевропско време).
Според полицијата, најверојатно станува збор за „инцидент поврзан со семејно насилство“.



Ранчо Техама се наоѓа на 184 километри северно од главниот град на Калифорнија, Сакраменто.
Вчерашниот напад следува по помалку од десет дена по инцидентот во кој вооружен маж уби 26 лица во една баптистичка црква во американската сојузна држава Тексас.
Според полициските податоци, од истрели од огнено оружје дневно во САД животите ги губат по околку 90 лица.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...