Ердоган разочаран од САД најави офанзива против силите на сириските Курди

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека Турција е разочарана од САД и нивното одбивање да ги исполнат ветувањата и да ги раскинат врските со групата на сириските Курди, Сили за заштита на народот (ЈПГ).



- САД не исполнија поголем дел од своите ветувања. Не сакам да бидам сведок на истата состојба и во градот Африн. Африн мора да биде исчистен од ЈПГ, изјави Ердоган.

Курдската група е активна во северна Сирија и беше една од клучните групи во борбата против Исламската држава (ИД), поради што добиваше и американско оружје и поддршка.
Според Ердоган, оваа курдска група има блиски врски со Курдската работничка партија (ПКК), која со децении води герилска војна против Турција.

Турција воено интервенираше во сириската провинција Идлиб, согласно нејзиниот договор со Русија и Иран за формирање на зони за дескалација, во кои ќе се намали интензитетот на судирите.
Во Африн, турските сили подолго време се во судир со локалните курдски групи и во своето обраќање на состанок на неговата владејачка Партија на правдата и развојот (АКП), Ердоган најави дека Турција ќе го освои Африн.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...