Критичен момент во потрагата по исчезнатата аргентинска подморница

Операцијата за пронаоѓање на аргентинската воена подморница  „Сан Хуан“, која исчезна во јужниот дел на Атлантикот, трае цела недела и стигна до „критична фаза“, со оглед на тоа што 44-членниот екипаж можеби веќе се соочува со недостиг на кислород, соопшти портпаролот на Воената морнарица на Аргентина, Енрике Балби.

Тој повтори дека „Сан Хуан“ ја бараат десетици авиони и бродови од 12 земји, меѓу кои и Аргентина, Бразил, Велика Британија, САД и Чиле.
Ако, подморницата, која е направена пред повеќе од 30 години во Германија, потонала или поради некоја причина не може да исплови на површината, откако последен пат прати сигнал на 15 ноември, таа веќе би требало да ги троши последните резерви со кислород.

Досега не е откриено ништо што би можело да укаже каде е и што се случува со „Сан Хуан“.
Аргентинската Воена морнарица на 15 ноември информираше дека подморницата „Сан Хуан“ со 44-член екипаж исчезнала, откако испловила од пристаништето Ушуаја на Огнената Земја и се упатила кон Мар дел Плата
подморницата требало да контактира со командата, но не го сторила тоа. Последен пат дала податоци за својата локација на 13 ноември.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...