Фејсбук ќе детектира лица со самоубиствени мисли

Фејсбук најави дека ќе создаде систем со вештачка интелигенција, со цел да ги детектира брзо членовите на социјалната мрежа, кои имаат самоубиствени мисли. Иницијативата има за цел навреме да им помогне на овие луѓе.

Технологијата ќе бара автоматски индикации за самоубиствени мисли во објавите на корисниците, како и во клиповите на „Фејсбук Лајф".
Доколку постојат такви индикации персоналот на Фејсбук ќе биде информиран брзо, како и организациите, специјализирани за помош на луѓето со самоубиствени мисли. Системот со вештачка интелигенција ќе испитува не само пораките на членовите на мрежата, туку и одговорите на нивните пријатели.

Фејсбук веќе има поставено алатки за дејствување, овозможувајќи им на корисниците да дадат сигнал, ако сметаат дека нивниот пријател сака да стави крај на својот живот, но системот со вештачка интелигенција ќе овозможи побрзо да се пренесуваат информациите за таквите лица и дури да се детектираат сигнали, кои членовите на мрежата можеби не ги забележале.

По периодот на тестирање во САД, Фејсбук ќе  го разгранува системот и надвор од земјата за да биде достапен насекаде, со исклучок на ЕУ, вели Гај Роузен, потпретседател на Фејсбук, одговорен за управувањето на производите на компанијата. Личните податоци во ЕУ се заштитени со построги закони од оние во САД.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...