Пјонгјанг: Лансиравме ракета со дострел до цела САД

- Пјонгјанг потврди дека извршил ракетно тестирање. Северна Кореја денеска успешно истрела нов тип интерконтинентална балистичка ракета „Хвасон-15", која има дострел до САД, беше објавено на севернокорејската државната телевизија.



Тестираната интерконтинентална балистичка ракета „Хвасон-15" може да носи нуклеарна боева глава и има дострел до целата континентална територија на САД.
Во телевизиската порака прочитана од портпарол, се вели дека ракетниот тест бил извршен по лична наредба на лидерот Ким Џонг Ун.

Ракетата е најмоќна досега, со оглед на тоа што за 53 минути прелетала 950 километри и достигнала височина од 4475 километри.
Претставници на јужнокорејската разузнавачка служба денеска, на сослушувањето во парламентот на Сеул, соопштија дека комунистичкиот Север веројатно наскоро ќе спроведе нов нуклеарен тест за атомско или термонуклеарно оружје.

Претходно, државниот секретар на САД Рекс Тилерсон го осуди истрелувањето на балистичка ракета и ја повика меѓународната заедница да испрати до Пјонгјанг едногласна порака да се откаже од развојот на оружје за масовно уништување.
Во изјавата на Стејт департментот се наведува дека САД и Канада ќе свикаат средба на земјите-членки на ОН, за да разговараат за тоа како меѓународната заедница може да се спротивстави на севернокорејската закана.

Дипломатски извори соопштија дека САД побарале вонредна седница на Советот за безбедност на ОН.
Од своја страна, јапонскиот премиер Шинѕо Абе изјави дека неговата земја го побарала истото поради уште една во низата воени провокации на Пјонгјанг.
Од мисијата во ОН на Италија, која овој месец ја предводи Советот за безбедност, соопштија дека вонредната седница ќе се одржи денеска во 15 часот, по њујоршко време.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...