Намален бројот на луѓе кои влегуваат во САД од други земји

Бројот на луѓе кои влегуваат во САД, а не се американски државјани или имаат дозвола за престој, е намален за четири отсто во првата половина на годината.

Според официјални податоци, вкупно 33.864 милиони луѓе ја преминале границата по копнен, воздушен или воден пат, што покажува пад од 3,9 отсто спрема истиот период лани.

Статистиката на Меѓународната патничка асоцијација и Националната служба за туризам и патувања, кои спаѓаат под Министерството за трговија на САД, покажува дека бројот на луѓе кои доаѓаат од Канада е зголемен за 4,8 отсто, но на оние кои влегуваат од Мексико е намален за 9,4 отсто.
  
Американскиот претседател Доналд Трамп планира да гради ѕид помеѓу САД и Мексико со цел да ја спречи нелегалната миграција. Односите меѓу двете земји се сериозно нарушени по неговото стапување на должност.

Бројот на посетители од Европа е намален за 2,6 отсто, а од останатиот дел од светот за 5,7 отсто. Зголемен е бројот на посетителите кои доаѓаат од Франција за 1,5 отсто, додека од Велика Британија  е намален за 6,2 отсто, а од Русија за 28,2 отсто.

Особено голем е падот на посетители од Блискиот исток, 29,8 отсто и од Африка, 27 отсто.
Во септември администрацијата на претседателот Трамп забрани влез на лица од шест земји од Африка и Блискиот исток на територијата на САД, иако за одлуката има поднесено жалба на суд.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...