Талибанци нападнаа факултет во Пешавар, убија деветмина

Тројца талибански исламисти маскирани во бурки денеска нападнаа факултет во пакистанскиот град Пешавар и убија најмалку девет лица, додека 35 се ранети. Пакистанската армија и полиција реагираа и ги убија напаѓачите.

Бројот на убиени можел да биде многу поголем, но факултетот бил затворен поради верски празник, и две третини од студентите заминале во своите домови.
Осуммина од убиените се студенти, а еден е вработен на факултетот.

Во 2014 година талибанците нападнаа воена академија во Пешавар  и убија над 140 лица.
Талибанското движење, кое се бори за уривање на пакистанската Влада и воведување на муслиманското шеријатско право, презеде одговорност за нападот.

Тоа движење е особено активно во соседниот Авганистан, каде беше на власт до американската интервенција во 2001 година, но има логистички бази и поддржувачи и во Пакистан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...