Амбасадорката на САД во ОН најави откритија за Иран

Постојаниот претставник на САД во ОН Ники Хејли денeска ќе одржи прес-конференција во Вашингтон на која ќе претстави „неоспорни докази“ дека Иран не почитува резолуции на ОН, особено за Блискиот исток.
Хејли ќе се задржи на неодамнешни изводи од извештај на ОН за ракети истрелани од јеменски бунтовници Хути врз Саудиска Арабија.



Според извештајот, дизајнот, карактеристиките и анализите од експерти, компонентите се исти како и оние што се вградени во иранската ракета „Киам-1“.

На почетокот на неделата, списанието „Форин полиси“ откри дека иако експертите сметаат дека некои компоненти од ракетите на Хутите можно е да бие произведени во Иран, во заклучоците наведуваат дека се најдени и елементи изработени во САД. На прес-конференција Хејли ќе посочи на „дестабилизирачки акции на Иран на Блискиот исток и на други места во светот“ се вели во соопштение од нејзината канцеларија за односи со јавноста.

„Таа ќе открие неоспорни докази дека Иран не ги почитува меѓународните обврски и неуспешно се обидува да го прикрие тоа“, се додава во соопштението. Иран признава дека дава политичка поддршка за Хутите, но негира дека пружа воена помош. 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...