Половина од светската популација нема основна здравствена заштита

Најмалку половина од светската популација нема пристап до основна здравствена заштита, а многумина се донесени на работ на  сиромаштија плаќајќи сметки за лекување, соопшти Светската здравствена организација.
Околу 800 милиони луѓе ширум светот трошат најмалку 10 проценти од приходот на домаќинството за здравствена заштита за себе или болно дете, од кои околу 100 милиони, после сè, им останува да живеат со 1,90 долари на ден.

Во заедничкиот извештај со Светската банка, Светската здравствена организација вели дека е целосно неприфатливо половина од светската популација се уште да нема основна здравствена заштита.
 
- Мораме да ги интензивираме нашите напори во правец на универзална здравствена покриеност, ако сериозно сакаме,не само подобро здравство, туку и да се стави крај на сиромаштијата, изјави претседателот на Светската банка Џим Јонг Ким.
 
Во извештајот како позитивно се истакнува фактот дека во овој век е зголемен бројот на луѓе кои добиваат терапија, како што се вакцините, лековите против сидата и ХИВ вирусот, како и за контрацепција.
 
Големи празнини во достапноста на услугите има во суб-сахарската Африка и на југот во Азија, се вели во извештајот и се додава дека во другите региони основните услуги, како што се планирање на семејството и имунизација на децата, се на располагање, но семејства  чувствуваат голем финансиски притисок поради тоа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...