Русија и Иран се заложија за зачувување на договорот за иранската нуклеарна програма

Москва, 18 декември 2017 (МИА) - Министрите за надворешни работи на Русија и Иран Сергеј Лавров и Мухамед Џавад Зариф денеска во телефонски разговор се согласиле дека остануваат цврсто решени да го спроведат Договорот за иранската нуклеарна програма.
Договорот е доведен во прашање откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека не може да потврди дали Иран ги почитува своите обврски преземени со договорот со кој западните земји ги ублажија санкциите за Иран, а Иран се обврза да ја суспендира својата нуклеарна програма.
Лавров и Зариф зборуваа преку телефон за иднината на Договорот за нуклеарната програма, и според Русија, Иранците ги почитуваат своите обврски. Трамп жестоко го критикува Договорот кој беше потпишан од страна на администрацијата на Барак Обама, и тврди дека со него Иранците добиваат сериозни нови финансиски средства благодарение на укинатите санкции, а во исто време ќе можат без последици да ја рестартираат нуклеарната програма по истекот на 10 или 15 години.
Двајцата министри дискутирале и за кризните жаришта на Блискиот Исток каде Иран, Саудиска Арабија и други регионални и големи сили поддржуваат разни вооружени групи кои се борат за превласт во Сирија и Јемен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...