Захарова: САД го поттикнуваат крвопролевањето во Украина

Вашингтон врши притисок врз официјален Киев да изврши масовно крвопролевање во Донбас, што значи дека е соучесник во убиството, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

- Со давање оружје на властите во Киев, САД всушност им вршат притисок да продолжат со масовно крвопролевање во Донбас, иако тој регион е на раб на катастрофа поради постојаното бомбардирање од страна на силите под контрола на Киев. Вашингтон со тоа станува соучесник во убиството, истакна Захарова.

Според неа, одлуката на Вашингтон да одобри продажба на снајперски системи на Киев е големо разочарување.

Таа на денешната прес-конференција рече дека руските воени набљудувачи ќе ги напуштат заедничките групи за контрола на примирјето поради подготвеноста на Киев со употреба на сила да ја реши кризата во источните делови на земјата.

Претходно оваа недела, руското Министерството ги повика официјалните лица кои работеле во Заедничкиот центар за контрола и координација во Украина, обвинувајќи ја украинската страна дека ја опструира нивната работа и им го ограничува пристапот до фронтот.

Зборувајќи за санкциите кои САД ги воведоа против пет граѓани на Русија и Чеченија, Захарова изјави дека се „гротескни и неосновани" и Москва ќе возврати со идентичен одговор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...