Климатските промени може да влијаат на приливот на мигранти

Европа би можела да очекува нов прилив на бегалци поради последиците од глобалното затоплување, предупредуваат научници.

Експертите сметаат дека зголемувањето на температурите и екстремните временски услови можат да го зголемат бројот на бегалци од сиромашните земји кои ќе бараат засолниште во богатите држави, за што досега се објавени многу малку студии.

Во извештајот објавен во магазинот „Сајенс“ научниците оценуваат дека постои „статистички важна врска“ меѓу флуктуациите во барањата за азил и климатските промени.

Тие дошле до заклучок дека бројот на барања за азил се зголемува, кога температурите ќе почнат да се качуваат над 20 степени Целзиусови.

- Ова е прво истражување што ја поврзува температурата со миграција во глобални размери и наоѓа врска, посочи експертот Џејкоб Шеве од германскиот Институт за истражување на климатските последици.

Научниците оценуваат дека бројот на барањата на азил во земјите од Европската унија би можел да порасне за 25 отсто до 2100 година, дури и ако се намали глобалното затоплување.

Авторите на студијата напоменуваат дека нивното истражување не ги зема предвид другите фактори.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...