Трамп ја укина комисијата за истрага на измами на изборите во 2016

Американскиот претседател Доналд Трамп ја распушти својата анкетна комисија која имаше задача да го провери измамите, кои, спoред него, постоеле на претседателските избори во САД во 2016 година.



Иницијативата на Трамп за создавање на комисијата, предводена од потпретседателот Мајк Пенс, предизвика остри реакции од голем број американски сојузни држави, кои одбија да ги обезбедат информациите што се бараа од нив.

И покрај тоа, Трамп е убеден дека, спротивно на мислењето на мнозинството експерти, од три до пет милиони луѓе незаконски гласале за неговата соперничка Хилари Клинтон на претседателските избори во ноември 2016 година.

Трамп победи на изборите со повеќе електорални гласови, што се пресметуваат од секоја држава според нејзината големина, но Клинтон освои околу три милиони повеќе гласови на национално ниво.
- И покрај постоечките докази за изборни измами, голем број држави одбиваат на претседателска Комисија за чесност да и достават елементарни информации, истакна Трамп во соопштение.

- Наместо да започнам бескрајна судска битка на сметка на даночните обврзници, денеска потпишав декрет за распуштање на комисијата и побарав од Министерството за внатрешни работи да ги преземе потребните мерки, додаде Трамп.

Многу сојузни држави одбија да ги обезбедат бараните информации, како што се броевите на социјалното осигурување или статистичките податоци за гласање, бидејќи сметаат дека таа информација може да се искористи за одземање на правото на глас на некои луѓе.
Еден федерален судија во ноември во Вашингтон посочи дека оваа истражна комисија е консултативно тело и нема законско овластување да ги принуди државите да обезбедат информации.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...