Трамп ја откажа посетата на Велика Британија

Американскиот претседател Доналд Трамп ја откажа посетата на Велика Британија што требаше да се оствари во следниот месец.
За време на посетата, Трамп требаше да ја отвори новата Амбасада на САД во Лондон.



„Причината поради која ја откажав посетата во Лондон е дека јас не го поддржувам решението на администрацијата  на Барак Обама да ја продаде за „ситни пари“ една од најдобрите амбасади, која веројатно е на најдобра локација, само за да се изгради нова во Лондон, во оддалечен реон за 1,2 милијарди долари. Лоша зделка. Нема да ја пресечам лентата“, коментираше Трамп на Твитер.
Според „Гардијан“, Трамп ја откажал посетата поради стравување од масовни протести.

Британскиот премиер Тереза Меј го покани Трамп во државна посета при средбата во Белата куќа минатата година. Активисти се заканија дека ќе организираат масовни протести, а пратеници бараа да не се дозволи Трамп да зборува во парламентот.

Според „Дејли меил“, британската Влада не определила датум за државна посета на американскиот преседател, но договорила „работна посета“ што се совпаѓа со церемонијата на отворање на новата амбасада на САД. Таа била закажана за 26-27 февруари. Новата амбасада ќе ја отвори државниот секретар Рекс Тилерсон



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...