Турција воведе воена состојба во погранична област кон Сирија

Турските власти воведоа воена состојба во реонот Рејханли во провинцијата Хатај, во должина на границата со Сирија.
Армиските сили распоредени во реонот се ставени во втор степен на борбена готовност, а на цивилите им е дозволено движење само со посебно одобрение од властите. На сите патни правци се распоредени воени и жандармериски патроли.



Според турските медиуми, во реонот во која важи воената состојба е видливо доаѓањето на нови единици на турската армија. Станува збор за војници и опрема кои се прераспоредуваат од пограничните области со Ирак во реонот на Рејханли.

Во меѓу време, турската армија соопшти дека во последните 24 часа извршила најмалку 40 артилериски напади врз позиции на Силите за заштита на народот на сириските Курди во реонот на Африн во северна Сирија.  
Аналитичарите проценуваат дека воведувањето на воената состојба е во рамки на подготовките на турска армија за евентуална операција против борците на Курдите во Сирија. 

Таквата можност ја најави и самиот турски претседател Реџеп Тајип Ердоган во саботата, заканувајќи се со уништување на силите на сириските Курди.
- Доколку терористите во Африн не се предадат, Турција ќе ги уништи за една недела, изјави Ердоган на собир во турскиот округ Елјазаг.
Анкара ги смета Силите за заштита на народот за огранок на Курдската работничка партија (ПКК), која се наоѓа на листите на терористички организации на Турција, ЕУ и САД.

Силите за заштита на народот се дел од антиџахдистичката коалиција во Сирија, која има поддршка на САД, но Турција одбива соработка со нив и изминативе месеци во неколку наврати се закануваше со воена операција против борците на сириските Курди.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...