Столтенберг: Конвенција на ОН нема да го спаси светот од нуклеарно оружје

Новата конвенција на ОН за целосна забрана на нуклеарното оружје нема да го спаси светот од таквиот вид оружје, предупреди генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
На конференција за безбедносни прашања во Шведска, Столтенберг нагласи дека таквиот процес бара период на „болно разоружување“ - нешто што таквиот меѓународен договор не може да го гарантира.



Тој сепак додаде дека НАТО генерално ја поддржува идејата за свет без нуклеарно оружје.
Пораката на генералниот секретар на Алијансата беше јасно насочена кон шведската Влада, која е поделена околу тоа дали да ја потпише конвенцијата.
 
Шведска не е членка на НАТО, но во последно време ја зајакна својата соработка со Алијансата во однос на тензиите со Русија.
Столтенберг за шведските медиуми претходно истакна дека соработката меѓу земјата и НАТО може да ослабне ако Владата во Стокхолм ја потпише Конвенцијата.
Минатата недела папата Франциско ги повика државите да работат на обврзувачки договор за забрана на нуклеарно оружје.
Сепак, ниту една нуклеарна сила не ја поддржува новата конвенција на ОН.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...