Асанж добил писмо со бел прав, исто како и Ванеса Трамп во Њујорк

Основачот на Викиликс Џулиан Асанж, кој се наоѓа на територијата на Еквадорската Амбасада во Лондон, на Твитер напиша дека минатата недела добил плик како тој што вчера пристигна во домот во Њујорк на Ванеса Трамп, сопругата на најстариот син на американскиот претседател Доналд Трамп.



Сопругата на Доналд Трамп помладиот беше хоспитализирана откако отворила писмо со бел прав.
- Чудно е што и јас добив такво писмо минатиот вторник, напиша Асанж на Твитер, додавајќи дека на пликот имало американски поштенски марки.

Се очекува британски суд денеска да одлучи дали да го уважи или да го отфрли барањето на 46-годишниот Асанж за прекин на судскиот процес против него. Ако судот пресуди во негова корист, тој ќе може да ја напушти зградата на Амбасадата на Еквадор во британскиот главен град, каде што престојува околу шест години.

Ванеса Трамп вчера претпладне во својот дом отворила писмо во кое имало бел прав со непознат состав. Според првичните анализи, правот бил безопасен, но подеталните анализи се уште траат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...