Бунт во бразилски затвор, чувари неколку часа држени во заложништво

Во затворот Милтон Диас Мореира во Рио де Жанеиро затвореници организираа бунт и земаа седум чувари како заложници, соопштија бразилските власти.
Заложничката криза траела неколку часа.



Инцидентот се случи откако бразилскиот претседател Мишел Темер соопшти дека раководењето со Министерството за внатрешни работи во сојузната држава Рио де Жанеиро и го доверува на армијата.
Бунтот избувна вчера во попладневните часови по локално време во затвор на околу 50 километри од центарот на Рио де Жанеиро. Седум надзорници билe задржани како  заложници. Тие билe ослободени на полноќ по локално време. При инцидентот се ранети тројца затвореници.

Во затворот, кој е предвиден за 900 затвореници, казна служат повеќе од 2.000 лица.
Овој инцидент е последен во низата насилства во бразилските затвори, за кои се смета дека се под контрола на моќни нарко картели.
Активистите за човекови права тврдат дека условите во затворот се како во средниот век, дека нема доволно храна и дека ќелиите се толку полни со затвореници што немаат каде да легнат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...