Белата куќа ја поздрави подготвеноста на Пјонгјанг за дијалог

Подготвеноста на Северна Кореја за дијалог со САД би можела да претставува прв чекор кон денуклеаризација на Корејскиот Полуостров, соопшти синоќа портпаролот на Белата куќа, Сара Сандерс.



- Ќе видиме дали пораките на Пјонгјанг претставуваат прв чекор на патот кон денуклеаризација. САД и светот треба да продолжат јасно да порачуваат дека нуклеарната и ракетната програма на Северна Кореја немаат перспектива, нагласи Сандерс.

Таа додаде дека САД остануваат на ставот оти секој дијалог со Пјонгјанг треба да резултира со договор за денуклеаризација на Корејскиот Полусотров.
Реакцијата на Белата куќа уследи по инфромациите дека вчера на средба со јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин по затворањето на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, претставници на Северна Кореја „манифестирале доволна волја“ за дијалог со САД.

Кабинетот на Мун соопшти дека јужнокорејскиот претседател вчера имал средба со високиот претставник на севернокорејската владејачка Работничка партија, Ким Јонг-чој, при што нагласил дека е потребно што поскоро да почне дијалог меѓу САД и Северна Кореја, како предуслов за подобрување на однсоите меѓу Сеул И Пјонгјанг и за решавање на корејското прашање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...