Повеќе од 700 лекари во Канада протестираат бидејќи им е зголемена платата

Повеќе од 700 канадски лекари, меѓу кои 213 од општа пракса и 184 специјалисти, потпишаа отворено писмо во кое се противат на зголемувањето на нивните плати, што неодамна беше издејствувано од синдикатите.



Тие бараат парите предвидени за зголемувањето на нивните плати да се вратат во здравствениот систем, оценувајќи дека така ќе бидат многу подобро искористени.
„Желба ни е да се задоволат потребите на нашите пациенти и да се насочат за експлоатираните и недоволно платени колеги“, наведуваат лекарите во писмото.

„Овие зголемувања се уште пошокантни, бидејќи нашите медицински сестри, службеници и други професионалци се соочуваат со многу тешки работни услови, додека нашите пациенти живеат со недостиг на пристап до потребните услуги поради драстични намалувања во последниве години и централизација на моќта во Министерството за здравје ", се вели во писмото.

„Очигледно, единствено нешто што е имуно на кратење се нашите плати“, се жалат лекарите од Квебек во писмото кое беше потпишано минатата недела, но денеска објавено во канадските медиуми.

Според неодамна постигнатиот договор, околу 10.000 медицински специјалисти на Квебек ќе имаат зголемување на платата, во вкупна вредност од сегашните 4,7 милијарди долари на 5,4 милијарди долари во 2023 година, што претставува зголемување на платите од 1,4 отсто секоја година.

Податоците собрани од канадскиот Институт за здравствени информации покажуваат дека во просек, специјалистите во Квебек заработуваат 403.537 канадски долари годишно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мажот и го подметнува весникот под нос на жената:
-Прочитај ја оваа статија за рибите, мила.
-Зошто?
-Од нив би можела да научиш како се молчи.
-Прво ти од нив научи како се...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна...
Верски календар
На денешен ден
1527.- Во Фиренца умре Николо Макијавели,...
1933.- Во Архангелское, кај Москва, умре Клара...
1936.- По повод организираниот штрајк на...
1963.- САД и Советскиот Сојуз постигнаа спогодба...