Трамп го смени Тилерсон, Помпео нов државен секретар

Американскиот претседател Доналд Трамп го смени денеска државниот секретар Рекс Тилерсон во момент на најавени преговори со Северна Кореја.



- Мајк Помпео, директор на ЦИА, ќе биде нашиот нов државен секретар. Од него чекаме фантастична работа. Џина Хаспел ќе биде новиот директор на ЦИА и прва жена на таа позиција. Честитки!, напиша Трамп на „Твитер“.
На чело на ЦИА е именувана Џина Хаспел, додегашен заменик директор.

Според анонимен претставник на Белата куќа, претседателот на САД сака да има нов тим пред планираните преговори со Северна Кореја и различни трговски преговори.

Тилерсон, поранешен извршен директор во Ексон Мобил ја извршуваше функцијата државен секретар нешто повеќе од една година
Директорот на ЦИА Мајк Помпео наведе по повод именувањето, дека е благодарен што претседателот  Трамп му дал шанса „да служи како директор на ЦИА и за можноста да служи како државен секретар“.

„Неговото лидерство ги направи САД безбедни и се радувам што го претставувам него и американскиот народ пред останатиот свет. Работата со големи луѓе во ЦИА кои се најнапредни и најталентирани државни службеници со кои се сретнав, беше една голема чест во мојот живот“, напиша Помпео во соопштение.

Џина Хаспел е прва жена именувана за нова директорка на ЦИА изјави:

- По 30 години работа во ЦИА, чест ми е што бев заменик на Мајк Помпео во претходната година. Благодарна сум за можноста дадена од претседателот Трамп и неговата доверба во мене да ме избере за нов директор на ЦИА.
Претседателот Трамп изјави дека тој и Тилерсон „долго време зборувале" и не се согласувале за прашања како што е договорот со Иран.

Висок претставник на Стејт департментот изјави дека Трамп  не му објаснил на Тилерсон зошто е сменет.
Државниот потсекретар за јавна дипломатија, Стив Голдстајн, вели дека Тилерсон „имал намера да остане" на работното место, бидејќи сметал дека  напредува во доменот на националната безбедност.

Двајца претставници од Белата куќа тврдат дека на Тилерсон му било кажано уште во петокот дека ќе биде сменет, но Голдстајн вели дека „Тилерсон не зборувал со претседателот и не е известен за причината за неговата смена“, јавуваат американски медиуми.

Тилерсон се врати од скратено патување во Африка неколку часа пред објавата на Трамп, во која тој не даде објаснување за одлуката.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...