САД ја обвинија Русија за хакирање на нивната електродистрибутивна мрежа

Американската Администрација синоќа ја обвини Русија за континуирана кампања на кибер напади врз електродистрибутивна мрежа на САД, јави дописникот на МИА од Вашингтон.



- Нападите од страна на руски хакери започнале во март 2016, а можеби и порано. Цел била американската инфраструктура - енергетски, нуклеарни и комерцијални постројки, како и објекти за водоснабдување, воздухопловство и производство, се вели во безбедносното предупредување што го објави Стејт департментот.

Федералното истражно биро (ФБИ) и Министерството за национална безбедност објавија дека цел на „руски владини кибер напади“ биле и мрежите на помали комерцијални објекти.
- Во нив се вметнувале штетни програми за далечински влез во мрежите на енергетскиот сектор, се вели во предупредувањето.

Ова е првпат Вашингтон директно да ја обвини Москва за агресија во кибер прострот на американските индустриски сектори.
Официјални разузнавачки лица неодамна обвинија дека Кремљ непречено врши хакерски операции против Западот „кога и да посака“.

Ова предупредување дојде откако американското Министерство за финансии вчера воведе санкции против 19 Руси и пет компании и агенции, меѓу кои и руски разузнавачки служби, поради вмешаност во претседателските избори во 2016, но и за „други кибер напади со штетни програми во Европа и САД“.

Кремљ негира каква било вмешаност на руски владини службеници во хакерските напади и порача дека ќе преземе реципрочни мерки на новите санкции од Вашингтон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...