Трамп: САД наскоро ќе се повлечат од Сирија

По претстојното целосно уништување на џихадистите од групата Исламска држава (ИД), САД за многу скоро време ќе се повлечат од Сирија, изјави синоќа американскиот претседател Доналд Трамп.



- Ќе се повлечеме од Сирија за многу скоро време, навистина за многу скоро, порача Трамп на митинг во американската сојузна држава Охајо.
Тој нагласи дека меѓународната коалиција предводена од САД, наскоро ќе преземе контрола „на 100 проценти од Калифатот“, по што американските сили ќе се повлечат од Сирија.

- Ќе се вратиме во нашата земја, каде и што сакаме да бидеме, порача Трамп.
Ваквата изјава на Трамп уследи само неколку часа откако портпаролката на Пентагон, Дејна Вајт порача дека во Сирија „останува да се заврши уште многу работа, за да може да се гарантира дека екстремистите се трајно уништени“.

Од друга страна, портпаролката на Стејт департментот, Хедер Нојер во коментар на најавата на Трамп, рече дека нема информации оти постои план за повлекување на САД од Сирија, ниту за промена на сегашната политика на Вашингтон по ова прашање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...