Трамп се уште сака американските сили да се вратат од Сирија

Американскиот претседател Доналд Трамп и понатаму сака американските сили да се вратат од Сирија што е можно побргу, објави Белата куќа откако францускиот претседател Емануел Макрон рече дека го уверил Трамп да ги задржи силите во Сирија подолго време.

- Американската мисија не е променета – претседателот беше јасен дека сака американските сили да се вратат што е можно побргу, изјави Сара Сандерс во соопштение.
- Одлучни сме целосно да ја поразиме ИД и да создадеме услови кои ќе спречат нејзино враќање. Освен тоа, очекуваме од нашите регионални сојузници и партнери да преземат поголема одговорност и воено и финансиски со цел регионот да стане безбеден, рече таа.

Макрон вчера изјави дека го уверил Трамп, кој сака да ги повлече американските сили од Сирија, да ги задржи во земјата.

Во телефонски разговор пред заедничкиот американски, француски и британски напад врз сириски воени цели во саботата, Макрон изјави дека го убедил Трамп да не се повлекува од Сирија.
- Го уверивме дека е потребно да се остане таму, рече тој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...