Цeните на нафтата на највисоко ниво од крајот на 2014

Цените на нафтата на светските пазари се зголемија и минатата недела, втора седмица по ред и се движат околу највисоките нивоа од крајот на 2014 година, откако Саудиска Арабија порача дека сака повисоки цени на „црното злато“.

На лондонската берза цената на барел минатата недела порасна за два отсто, на 74,05 долари, додека на американскиот пазар поскапе за 1,5 проценти на 68,40 долари.

Растот на цените на највисоки нивоа од ноември 2014 година најмногу е последица на пораките дека Саудиска Арабија сака раст на цените кон 80 па и 100 долари за барел, што е протолкувано како знак дека Ријад не сака да се менува договорот на ОПЕК за намалено производство, и покрај доближувањето до зацртаните цели.

Од јануари 2017 година ОПЕК и организацијата на независни произведувачи на чело со Русија го намалија производството за 1,8 милиони барели дневно со цел резервите да ги сведе на петогодишен просек и со тоа да ги поддржат цените, а извесно време се испраќаат пораки дека тој договор би требало да се продолжи и на следната година.

Саудискиот министер за нафта Калид ал-Фалих истакна дека ОПЕК и неговите сојузници се уште се далеку од зацртаната цел и дека треба да се продолжи со намалување на залихите.
- Дури и ако ОПЕК до следниот службен состанок во јуни ја оствари целта и ги намали залихите на петогодишен просек, Саудиска Арабија предводи силна иницијатива до понатамошно ограничување на снабдувањето заради урамнотежување (на пазарите) во 2018 година, сметаат аналитичари од инвестициската банка „Голдман Сакс“.

Меѓутоа, растот на цените на нафтата би можел да поттикне инфлација. Претседателот на САД Доналд Трамп го критикуваше ОПЕК кон крајот на минатата недела.
- Изгледа дека во ОПЕК повторно нешто изведуваат. Нафтата е насекаде, рекордни количини, вклучувајќи преполни бродови. Цените на нафтата вештачки се многу високи! Тоа не е добро и нема да се толерира, порача Трамп на Твитер.

САД не можат по законски пат да влијаат на цените на нафтата, можат само да продаваат стратешки залихи, што и го прават од време на време.
Но, повисоки цени на нафтата им одговараат и на американските производители, кои продолжуваат со зголемување на производството. Така компанијата „Бејкер Хјуџес“ соопшти дека минатата недела бројот на изворите во САД пораснал за уште пет, на вкупно 820, што е најголемо ниво од март 2015 година.

Во истиот период минатата година биле активни само околу 600 извори, што покажува дека на американските производители им одговараат овие нивоа на цените, па се одлучуваат на зголемено производство, а тоа ги нарушува настојувањата на ОПЕК да се намалу понудата на „црното злато“ на светските пазари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...