Ким: Го прифатив предлогот и ги ослободив Американците од затвор

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави дека го прифати предлогот на САД да ги ослободи и да ги помилува американските државјани, кои беа во затвор во Северна Кореја, додавајќи дека претстојниот самит со американскиот претседател ќе биде прв чекор кон подобрување на ситуацијата на Корејскиот Полуостров, јави севернокорејската новинска агенција КЦНА.

КЦНА наведува дека Ким постигнал задоволувачки консензус со американскиот државен секратар Мајк Помпео, кој претстојуваше во вторникот во Пјонгјанг.
- На состанокот (со Помпео) имаше длабинска расправа за практичните прашања за самитот Северна Кореја - САД. Ким Џонг-ун постигна задоволувачки консензус за прашањата за кои разговараше со америкаскиот државен секретар, наведува КЦНА.

Исто така се посочува дека Ким „ја прифатил официјалната сугестија“ на американскиот претседател да ги ослободи тројцата Американци, кои една година беа во севернокорејски затвор.

- Помпео му пренесе на Ким устна официјална сугестија од Трамп, по што Ким изјави дела цени што американскиот претседател покажува интересирање да се реши проблемот со дијалог, истакнува КЦНА, не наведувајќи детали од пораката.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...