Меланија Трамп закрепнува по операција на бубрегот

Првата дама на САД Меланија Трамп вчера беше примена во болница, каде што и беше извршена операција на бубрег, а ја посети нејзиниот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп.

- Ова утро (понеделник), првата дама Меланија Трамп беше подложена на постапка за емболизација за лечење на бенигна бубрежна болеста. Процедурата беше успешна и немаше компликации, изјави портпаролката на првата дама, Стефани Гришам.

Меланија Трамп (48) била примена во Националниот воен медицински центар „Волтер Рид" и веројатно ќе остане таму до крајот на оваа недела.

Според Си-Ен-Ен, нејзиниот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп, бил во Белата куќа за време на операцијата.



Тој со хеликоптер бил да ја посети својата сопруга во воено-медицински центар, а на Твитер објави дека Меланија е добро расположена.
- На пат кон медицинскиот центар „Волтер Рид ", за да ја видам нашата прекрасна прва дама, Меланија. Успешна процедура, таа е добро расположена. Благодарам на сите за добрите желби, порача Трамп.

Белата Куќа не објави детали за здравствената состојба на првата дама. Два неименувани уролози изјавија дека не се запознаени со состојбата на Меланија, но веруваат дека најверојатното објаснувањето за интервенцијата е тип на бениген бубрежен тумор, познат како ангиомиолипом.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...