Одлуката на Пјонгјанг да ги откаже преговорите меѓу двете Кореи е за жалење

 Одлуката на Северна Кореја да ги откаже денешните преговори на министерско ниво меѓу двете Кореи е достојна за жалење, соопшти јужнокорејското Министерство за национално обединување.

- Одлуката на Северна Кореја еднострано да ги одложи преговорите на високо ниво меѓу двете Кореи, истакнувајќи ја како причина годишната заедничка воено-воздухопловна вежба помеѓу Јужна Кореја и САД, е спротивно на духот на Декларацијата од Панминџон и е достојна за жалење, изјави портпаролот на Министерството.

Тој ја повика Северна Кореја веднаш да се врати на преговарачка маса.
Северна Кореја вчера ги откажа за денеска предвидените разговори на високо ниво меѓу претставници на Северна и Јужна Кореја, поради најавените јужнекоројско-американски воени вежби, јави ДПА. Како што јави јужнокорејската агенција Јонхап, Северна Кореја оценува дека воените вежби претставуваат проба за можна инвазија врз земјата.

- Оваа вежба во Јужна Кореја чија цел сме ние, претставува флагрантен предизвик за Декларацијата од Панмунџом и намерна воена провокација насочена против позитивниот политички развој на Корејскиот Полуостров, се наведува во реакцијата на севернокорејските власти.
Во текстот натаму се додава дека САД „треба внимателно да размислат за судбината на планираниот Самит меѓу Северна Кореја-САД“, имајќи го предвид „провокативниот воен потег организиран заеднички со јужнокорејските власти".

Денешниот состанок меѓу официјалните претставници од Северна и Јужна Кореја требаше да биде продолжение на историскиот самит што се одржа минатиот месец меѓу севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Зошто девојките не можат да најдат маж кој е нежен, чуствителен и внимателен?
- Таквите веќе имаат дечко.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема...
Верски календар
На денешен ден
331 п.н.е.- На реката Тигар, во Месопотамија,...
480. п.н.е.- Во поморската битка кај островот...
1519.- Португалскиот морепловец Фернандо Магелан...
1833.- Роден е италијанскиот новинар и пацифист...