Мајк Пенс го предупреди Ким Џонг-ун да не „го глуми“ Трамп

 Потпретседателот на САД Мајк Пенс го предупреди севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун да не се обидува да го „глуми“ американскиот претседател Доналд Трамп, ако двајцата се сретнат на планираната средба на 12 јуни. Пенс тоа го изјави во интервју за телевизијата „Фокс".

- За Ким Џонг-ун ќе биде голема грешка ако мисли дека може да изигрува Доналд Трамп, вели Пенс.
Во САД постојат стравувања дека средбата може да се покаже како срамен неуспех за Трамп, ако тој не успее да ја натера Северна Кореја да го прекине своето нуклеарно вооружување.

Пенс додава дека е „несомнено" оти Трамп е подготвен да се повлече од средбата, која според плановите треба да се одржи во Сингапур.

Не мислам дека претседателот Трамп размислува за Пи-ар, тој мисли на мирот, додава потпретседателот.
Северна Кореја минатата недела соопшти дека ќе се откаже од средбата, ако САД се залагаат за нејзина безусловна целосна денуклеаризација.

За Трамп, кој е убеден во своите можности да склулчува големи зделки, се тврди дека ги прашал советниците и сојузниците дали, сепак, да учествува на самитот имајќи ја предвид промената на тонот на Пјонгјанг.

Се очекува Трамп да се сретне со јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин, кој во текот на денот ќе ја посети Белата куќа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Си бил Мали Ѓокица и зборувал многу безобразно (срамотно). Еден ден тој оди во училиште, а учителката ги свикала девојчињата од класот и им вели: - Девојчиња! Ако слушнете Мали...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На...
Верски календар
На денешен ден
1534.- Шпанскиот благородник Ињацио Лојола во...
1896.- На Алјаска, најсеверниот дел на САД е...
1914.- Британскиот експедиционен корпус се...
1926.- Во американската метропола на филмот,...