Индија: Најмалку десет лица починаа од смртоносниот вирус Нипах

Најмалку десет лица починаа на југот на Индија од досега малку познатиот вирус Нипах, додека околу сто лица се во карантин, соопштија денеска локалните власти во Индија.

„Тајм оф Индија“ јави дека билансот на жртвите се искачи на десет, а околу сто лица кои биле во контакт со починатите се во карантин. Девет лица се хоспитализирани поради симптоми слични на вирусот.

Вирусот Нипах кој е распространет во Јужна и Југоисточна Азија го пренесуваат лилјаците и може да биде смртоносен во 70 отсто од случаите. Вирусот првпат е идентификуван во 1998 година во Малезија на подрачјето Нипах.

Светската здравствена организација претходно соопшти дека вирусот го пренесуваат животни, но и луѓе. Симптими се грозница, главоболка и поспаност проследени со дезориентација и ментална конфузија. Вирусот може да предизвика кома и силно воспаление на мозокот доколку не се лекува на време. Засега не постои вакцина против тој вирус.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Средношколецот Жарко се жали на татко му:
- Професорката по историја стварно ме малтретира.
- Слушај синко, ако пазиш како се облекуваш, внимаваш на час и учиш редовно дома,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Од вторник - 16.10.2018, ЈП Македонијапат ќе изведува градежни работи (машинско асфалтирање, надоградба на...
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на храната
1430.- Роден е шкотскиот крал Џејмс II, кој...
1553.- Умре Лука Кранах, германски сликар и...
1649.- Умре Исак ван Остаде, холандски сликар....