Трамп: Верувам дека ќе постигнеме напредок на средбата со Ким

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во телефонски разговор со неговиот јужнокорејски колега Мун Џе-ин изрази оптимизам дека на неговата утрешна средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун може да биде постигнат „значителен напредок на дипломатски план“.

Како што соопшти Кабиенот на претседателот на Јужна Кореја, Трамп во разговорот го информирал Мун за детали од преговорите меѓу Вашингтон и Пјонгјанг, што се водат во пресртет на утрешниот Самит САД-Северна Кореја во Сингапур.

Мун претходно изјави дека очекува средбата во Сингапур да претставува „историска пресвртница“ кон мирот, додавајќи дека таа сепак ќе биде само прв чекор во сложениот долготраен процес.
Трамп викендов допатува во Сингапур, каде утре ќе се сретне со Ким во обид да го убеди за откажување на Пјонгјанг од развојот на нуклеарна програма.

Претходно денеска, американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека разговорите со Северна Кореја напредуваат „побрзо од очекуваното", додавајќи дека за преговори останале само неколку часа пред утрешниот историски самит во Сингапур.

Помпео потврди дека независно од тоа дали ќе бидат постигнати некакви договори на утрешниот Самит, санкциите кон Северна Кореја ќе останат во сила се додека Пјонгјанг не се согласи да обезбеди доказ дека го следи процесот на денуклеаризација.

- САД претходно беа измамени, изјави Помпео на прес-конференцијата во Сингапур, додавајќи дека официјален Вашингтон нема да дозволи тоа да се случи повторно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...