Доналд Трамп и Ким Џонг-ун потпишаа „сеопфатен“ документ

- Американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун потпишаа денеска „сеопфатен" заеднички документ.



- Тоа беше прекрасен ден и ние многу научивме еден за друг и за нашите земји, изјави Трамп по потпишувањето на документот, На прашањето што научил за Ким, Трамп рече дека тоа е многу талентиран човек, кој многу си ја сака сопствената земја. Потоа му подаде рака на Ким и имаа долго ракување.

На прашањето дали повторно ќе се сретне со Ким, американскиот претседател рече дека тие ќе имаат „уште многу, многу средби“.

Од своја страна, Ким ја поздрави „историската средба“ и наведе дека „го остава минатото зад себе“.

- Денеска имавме историска средба и одлучивме да го оставиме минатото зад себе. Светот ќе види огромна промена. Би сакал да изразам благодарност до претседателот Трамп, кој ја овозможи оваа средба, изјави севернокорејскиот лидер.

Засега е се уште непозната содржината на документот кој го потпишаа двајцата лидери. Трамп изјави дека ќе го презентира документот на прес-конференција за 45 минути, велејќи само дека документот е сеопфатен.

Кина соопшти дека самитот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун креира „нова историја“ и повика на „целосна денуклеаризација“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...