Еден спасувач на Тајланд почина од недостиг на кислород

 Еден спасувач загина за време на акцијата за спасување на 12-те деца и нивниот тренер од пештерата во Тајланд.
Станува збор за поранешниот тајландски морнарички нуркач Саман Гунану кој ја загубил свеста додека излегувал од пештерскиот комплекс, во кој доставувал боци со кислород.

- Неговата задача беше да испорача боци со кислород. Тој немаше доволно кислород за себе додека се враќаше, рече еден тајладски официјален претставник и додаде дека се работи за човек кој некогаш работел во морнарицата, а сега се приклучил на акцијата за спасување.

- Негов колега се обиде да му пружи прва помош, но не успеал. Кога го извлековме повторно се обидовме да му пружиме прва помош, но не реагираше, и тогаш го префрливме во болница, изјави командирот на тајландските морнарички фоки Арпакорн Јуконгку.
Тој додаде операцијата за спасување ќе продолжи.

Во акцијата за спасување на децата се вклучени 1.000 лица, а меѓу нив има нуркачи, воен персонал и волонтери.
Локалните власти соопштија дека загрижува и тоа што се намалува нивото на кислород во комората на пештерата во која се наоѓаат децата.
За сега децата се во добра здравствена состојба и редовно им се доставуваат храна и лекови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...