Трамп до Ердоган: Срамота, ослободете го свештеникот

Претседателот на САД, Доналд Трамп побара од турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган да го ослободи американскиот свештеник Ендру Брансон, кој е во притвор во Турција и му се суди за тероризам.



- Тоа е целосна срамота Турција да не сака да ослободи почитуваниот американски свештеник Ендру Брансон. Премногу долго го држи како заложник. Реџеп Тајип Ердоган треба да направи нешто за да го ослободи тој прекрасен сопруг и татко на христијанско семејство, напиша синоќа Трамп на Твитер.

Судот во Турција на вчерашното рочиште повторно му го продолжи притворот на Брансон. Тој е обвинет за злосторства во име на терористички групи, а не е нивен член, а исто така е обвинет и за шпионажа. Му се заканува казна до 35 години затвор.

Судењето на Брансон е во Алиага, во западната турска провинција Измир. Свештеникот е во притвор од октомври 2016 година, а судењето почна на 16 април годинава.

Следното рочиште е закажано на 12 октомври.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...