НАТО со одговор до Трамп: Нападот врз една членка е напад врз Алијансата

Неименуван висок претставник на НАТО ги потсети САД дека имаат обврска да го почитуваат принципот на взаемна одбрана во случај на агерсија врз една од земјите членки на Алијансата.



Неговата изјава уследи откако американскиот претседател Доналд Трамп неодамна изрази сомнежи за Црна Гора.
- Клаузулата на колективна одбрана на НАТО, член 5 (од Повелбата) е безусловна и е како од армиран бетон. Тоа значи дека напад на една наша членка претставува напад врз сите нас, истакна претставникот на Алијансата.
Тој додаде дека Трамп на неодамнешниот Самит на НАТО во Брисел изјави дека САД во целост се посветени на обврските на Алијансата и оти сојузот е цврст.

Трамп во изјава за „Фокс њуз“ во вторникот ја стави под знак прашалник взаемната одбрана на земјите членки доколку една од нив биде нападната. Тој изјави дека „Црна Гора е многу мала земја со многу силни и агресивни луѓе“, чија агресивност би можела да предизвика трета светска војна.
Црна Гора во пролетта 2017 година стана 29 земја членка на НАТО.

Владата на Црна Гора реагирајќи на изјавата на Трамп вчера соопшти дека е горда на својата традиција и мирновременска политика и оти земјата придонесува за мирот и стабилноста во Европа и во целиот свет.
Тоа не е прв гаф на Трамп кон Црна Гора. Американскиот претседател на својот прв самит на НАТО во мај 2017 година го истурка црногорскиот премиер Душко Марковиќ, за да застане во првиот ред пред камерите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Оди човек по улица кога поминува кола и му ја прегазува едната нога. Човеков се витка од болка и му се дере на возачот:
- Ах, мајката твоја, за ова ќе ми платиш пола милион...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на извидничкото движење
1512.- Во Севилја, Шпанија, умре Америго...
1732.- Роден е Џорџ Вашингтон, прв претседател...
1788.- Во Данцинг е роден Артур Шопенхауер,...