Русија ја обвини САД за користење фосфорни бомби, Пентагон демантира

Русија ја обвини САД дека во воздушните напади на воени цели на истокот на Сирија користела фосфорни бомби, во зоната со цивили.

Користењето фосфорни бомби е забрането согласно меѓународното хуманитарно право.

„Два американски авиони Ф-15 во саботата, на 8 септември, го бомбардираа местото Хаџин на подрачјето Деир Езора, користејќи запалива фосфорна муниција“, се наведува во соопштението на генералот во руската војска Владимир Савченко.

Според него, тие напади предизвикале големи пожари. Савченко дополни дека во тек се проценките за тоа дали имало жртви во тој напад.

Припадниците на терористичката „Исламска дрќава“ се уште контролираат мали делови од пустинската провинција Деир Езора, меѓу реката Еуфрат и границата со Ирак.
Меѓународната коалиција предводена од САД и помага на арапско-курдската коалиција, која со месеци спроведува офанзива на тоа подрачје, борејќи се со џихадистите.
Портпаролот на Пентагон негираше користење на фосфорни бомби.

- До овој момент не сме примиле никакви извештаи за употреба на бел фосфор. Ниту една од воените единици на тоа подрачје дури не е ни опремена со бел фосфор од кој било вид, изјави командантот Шон Робертсон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...