Ураганот Флоренс ослабна до втора категорија

Ураганот Флоренс, кој се доближува до источниот брег на САД, ослабна до ураган од втора категорија според скалата на Сафир-Симпсон одс пет степени, соопшти Националниот центар за следење на урагани.

Тој се наоѓа на 520 километри источно-југоисточно од летувалиштето Мартл бич во Јужна Каролина со максимална брзина на ветрови од 175 километри начас.
Невремето се движи кон северозапад со брзина од 28 километри на час, соопшти Центарот, а властите во Јужна и Северна Каролина затворија неколку пристаништата.

Американскиот претседател Доналд Трамп повтори дека безбедноста на американските граѓани му е на прво место.
- Не жалиме за трошоците. Ние сме целосно подготвени, рече Трамп и додаде дека Флоренс би можел да биде „еден од најсилните урагани кои некогаш го погодиле источниот брег“.

Според американската Национална метеоролошка служба, повеќе од десет милиони жители во три американски држави се предупредени на опасноста од ураганот Флоренс.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...