Шиф: Големите банки пред ризик поголем од кога и да е

Вашингтон, 17 септември 2018 (МИА) - Светот се соочува со нова економска криза, која ќе биде поголема од онаа пред десет години, предупредува американскиот економист Нуриел Рубини, Со него се согласни голем број колеги меѓу кои и Питер Шиф .
- Големите банки се пред голем ризик, многу поголем отколку порано. Денес се повеќе се изложени на удар од рецесија, системските ризици се многу поголеми отколку што беа во 2008 година, изјави Шиф. Тој додаде дека некои од тие банки требало да пропаднат пред десет години.
- Социјалниот мир што некои влади го заговараа всушност е грешка и спасени се банки на кои требаше да им се дозволи да пропаднат. За жал, од последната криза не се научени лекции. Ги повторуваме и ги прошируваме сите грешки што ја предизвикаа последната криза, и така „обезбедија“ следната криза да биде многу полоша, нагласи Шиф.

Според него, сите проблеми што ја предизвикале финансиската криза од 2008 година денес се уште поголеми.


- Се полошата монетарна и фискална политика од минатата криза гарантира дека следната ќе биде многу полоша. Кризата ќе биде слична единствено по тоа што виновниците ќе бидат и владите и што оддеднаш сите ќе бидат изненадени, но ќе биде поинаква само по тоа што ќе биде многу полоша, смета Шиф.
Тој додава дека и новата криза за разлика од претходната ќе ја карактеризира пред се, должничкото ропство во САД.
- Националниот долг ќе биде појдовна точка, епицентар на кризата, а доларот ќе се урне, цените на златото пак ќе се зголемат, ќе растат цените на потрошувачките стоки, предупредува тој економист.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...