Глобал Тајмс: Кина нема да „игра само одбрана“ во трговската војна

Пекинг, 17 септември 2018 (МИА) - Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти денеска дека Владата ќе одговори ако САД воведат нови царини пред очекуваната објава од американскиот претседател Доналд Трамп за нови царини за кинески стоки во вредност од 200 милијарди долари.
Портпаролот на Министерството Генг Шуанг изјави дека какви било разговори меѓу двете држави треба да се одржат на рамноправна основа. Кина нема да биде задоволна само со тоа да игра одбрана во се посилната трговска војна со САД, објави „Глобал тајмс“. Пекинг, исто така, може да одбие да соработува во предложените разговори со Вашингтон овој месец, ако администрацијата на Трамп продолжи со дополнителни царини, објави Волстрит џурнал, цитирајќи кинески официјални претставници. Во извештајот на весникот се пренесува изјава на кинески претставник кој вели дека Пекинг нема да преговара со „пиштол вперен во нивната глава“.

САД и Кина меѓусебнио наплаќаат царини на стоки во вредност од 50 милијарди долари. Во текот на викендот западни медиуми јавија дека Трамп нови царини за Кина може да воведе веќе од денеска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...