УНИЦЕФ: Лани на секои пет секунди умирало по едно дете

Њујорк, 18 септември 2018 (МИА) - Шест милиони деца во светот на возраст до 15 години починале минатата година од болести кои можеле да бидат спречени или компликации. Бројката е речиси половина пониска во споредба со смртните случаи во 2000-та година, се наведува во најновиот извештај на УНИЦЕФ.
Во 2000-та година 11,2 милиони деца под 15 години починале од болести што можеле да бидат спречени, од неухранетост, недостиг на чиста вода или при раѓање, јави ДПА.
Во 2017 година таа цифра е 6,3 милиони и тоа означува дека едно дете на возраст под 15 години умирало на секои пет секунди, соопшти УНИЦЕФ.
Повеќето смртни случаи лани (5,4 милиони) биле деца под петгодишна возраст.
- Постигнавме добар напредок во спасувањето деца од 1990 година кога 12,6 милиони деца на возраст под пет години умираа во светот од причини што можеле да бидат надминати. Но милиони деца се уште умираат заради тоа и поради местото во кое се родени, изјави Лоуранс Шанди директор на Одделот за истражување во УНИЦЕФ.

- Со едноставни решенија како лекови, чиста вода, струја и вакцини можеме да ја смениме реалноста за секое дете, додаде тој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...