Лидерите на двете Кореи потпишаа декларација, Ким Џонг -ун вети дека наскоро ќе го посети Сеул

Сеул, 19 септември 2018 (МИА) - Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин потпишаа заедничка декларација на вториот ден од средбата во Пјонгјанг.

Подоцна министрите за одбрана на двете страни потпишаа воен договор за да се намалат тензиите на Корејскиот полуостров.

На заедничката прес-конференција Мун Џае-ин рече дека Ким се согласил да се преземат конкретни чекори кон нуклеарно разоружување и севернокорејските нуклеарни инсталации целосно да се демонтираат во присуство на меѓународни експерти.
Северна Кореја ќе го затвори својот нуклеарен реактор во Јонбон и ќе го демонтира нуклеарниот полигон Точхан - ри, изјави Мун.
Југот и Северот се согласија да ја претворат демилитаризираната зона на нивната граница во зона на мир и просперитет, рече јужнокорејскиот претседател.
Меѓу мерките за намалување на тензиите, тој го спомена и претстојното формирање на заеднички комитет, во кој ќе има претставници на воената команда на двете страни.

Мун соопшти дека двете Кореји се согласиле да ги елиминираат сите опасности што можат да предизвикаат војна на полуостровот.

- Целосното нуклеарно разоружување ќе се случи во блиска иднина, додаде тој.

Мун, исто така, рече дека севернокорејскиот лидер ќе го посети Сеул до крајот на годината.
- Му ветив на претседателот Мун Џае- ин дека наскоро ќе го посетам Сеул, изјави Ким Џонг -ун.

Мун изрази надеж за скорешно возобновување на дијалогот меѓу Северна Кореја и САД.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...